[fblike]

 

Читање по повод утрешниот ден, 5 октомври Светскиот ден на учителот.

Светскиот ден на учителот се одбележува секоја година на 5 октомври и е посветен на улогата и значењето на наставниците во општеството.

За таа цел учениците од нашето училиште интерпретираа литературни текстови за значењето на учителот.

Почитувани наставници, нека Ви е Среќен Светски ден на учителот! Овој ден е посветен на сите вас кои несебично ги споделувате вашите знаења и инспирирате нови генерации. Вие сте светилник на мудроста и надежта, а вашата работа остава траен белег на општеството.

Ви посакуваме многу успеси во професионалниот и личниот живот !-им упатија учениците честитки до наставниците

Денот на учителот нè потсетува на значењето на оваа благородна професија. Овој ден ни дава можност да им изразиме благодарност на нашите учители, да ги признаеме нивните напори и жртви, и да им покажеме дека нивната работа е ценета.

[fblike]

Напишете коментар