20Shares

Во рамки на Еразмус+ проектот „Ајде да играме пак“, во периодот од 07 до 12 октомври, 2024 година, во партнерското училиште од Лимасол, Кипар, се одржа третата мобилност на учесниците од овој проект.

Учесници беа осум (8) ученици  од нашето училиште и наставникот-ментор Кристина Цонкинска и директорот Борче Спиридонов, како и наставници и ученици од Полска, Литванија, Малта, Грција  и Кипар.

Во продолжение е неделната програма.

06.10.2024 година- Во попладневните часови македонскиот тим пристигна на аеродромот во Солун, а потоа летавме до Ларнака. Во ноќните часови стигнавме во Лимасол и се сместивме во хотел.

07.10. 2024 год.- Првиот ден од работната недела, по официјалното отпочнување на програмата со обраќањето на заменик директорот и координаторот од училиштето во Лимасол, беа претставени учесниците од сите партнерски училишта. Потоа беше објаснета програмата за целата недела, па ги погледавме видеата со традиционалните игри кои ги имаа подготвено учениците од Кипар.  Следуваа активности за подобро запознавање на учесниците. 

08.10.2024 год.- Вториот ден, го посетивме замокот во Колоси, античкиот град Курио и традиционалното село Омодос. 

09.10.2024 год.- Третиот ден практично беа презентирани традиционалните игри од страна на учениците од Кипар. Беа објаснети правилата на игрите а потоа сите ученици во мешани тимови, ги играа игрите. Наставниците имаа состанок за тековни и следни проектни активности.

10.10.2024 год.- Четвртиот ден учениците играа одбојка на плажа, натпреварувајќи се во национални тимови а наставниците се сретнаа со заменик градоначалникот на Лимасол. 

11.10.2024 год.- Петтиот ден посетивме училиште во местото Героскепу каде што учесниците имаа можност да видат традиционални ора а потоа беа презентирани уште три традиционални игри од страна на наставниците од тоа училиште, а учесниците од проектот ги играа. 

Потоа продолживме кон градот Пафос каде што го посетивме стариот град и дознавме повеќе за историјата на местото. 

Во вечерните часови имавме завршна церемонија, на која беа доделени сертификатите за учество.

12.10.2024 год. -Учесниците споделуваа видеа, фотографии, искуства и впечатоци од неделата. Пополнувавме формулар за евалуација на неделата. Во попладневните часови се упативме кон аеродромот во Ларнака, а во Македонија се вративме во доцните вечерни часови.

Преку овие активности сите учесници ги прошираа своите знаења за традиционални игри во Кипар, кои во голема мера се слични на традиционалните игри од другите партнерски земји, го подобрија нивниот англиски јазик и научија за други култури. Ова беше едно убаво искуство за сите учесници.

Следната мобилност од овој проект ќе биде од 25 ноември до 2 декември, 2024 година во партнерското училиште во Флориана, Малта.

Коментари

Leave a Reply