6Shares

Учениците од нашето училиште присуствуваа на свеченото отворање на изложбата „Ромскиот геноцид низ очите на младите” во Музеј на град Кратово предводени од наставниците по Историја и Граѓанско образование, изложбата беше отворена со предавање од програм координаторот Емилија Пановска.

Изложбата се реализира во рамките на проектот „Моето право да се сеќавам – Меморализација на Ромскиот геноцид” организирана од страна на РРОМА во соработка со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Во реализација на изложбата е вклучен и Младинскиот културен фонд на Западен Балкан, во соработка со Министерството за надворешни работи на Германија и ЕРГО мрежата, Белгија.

Со оваа изложба, како што беше потенцирано на отворањето, целта е да се заземе решителен став против опасната клима на маргинализација и омраза, преку подигање на свеста, обезбедување информации и создавање култура на сеќавање.

Коментари

Leave a Reply