62Shares

На ден 25 ноември 2024 година во просториите на училиштето преку проектот „Промоција
на безбедна училишна средина“ се одржа втората работилница со учениците кои се дел од
ученичкиот парламент.

Преку игри, интерактивни активности и дискусија, учениците се запознаа
со истажувачите алатки кои можат да ги користат во училишниот живот – анкета и интервју, се
здобија со практично знаење за истражувачката алатка – анкета и нејзината примена. Научија како
да направат онлајн анкета, а исто така креираа и анкета согласно потребите на проектот која во
текот на неделата треба да ја споделат со своите соученици.

Работилницата ја водеше Мартина Јачевска, ментор во проектот „Промоција на безбедна
училишна средина“, инаку младински работник од Пробиштип со поддршка од наставникот
Љупчо Лазаровски и стручните соработници Мирјана Манева-Арсовска и Биљана Николовска.

текст: Мирјана Манева-Арсовска

Коментари