0Shares

Во рамки на Еразмус+ проектот „Ајде да играме пак“, во периодот од 26 ноември до 1 декември, 2024 година, во партнерското училиште од Флориана,Малта, се одржа четвртата мобилност на учесниците од овој проект.

Учесници беа осум (8) ученици  од нашето училиште и наставничките Кристина Цонкинска и Станка Спиридонова, како и наставници и ученици од Полска, Литванија, Малта, Грција  и Кипар.

Во продолжение е неделната програма.

25.11.2024 година- Во попладневните часови македонскиот тим пристигна на аеродромот во Скопје, а потоа летавме до Малта. Во ноќните часови стигнавме во Сент Џулианс, Малта и се сместивме во хотел.

26.11. 2024 год.- Првиот ден од работната недела, по официјалното отпочнување на програмата со обраќањето на директорката и координаторот од училиштето во Малта, беа претставени учесниците од сите партнерски училишта. Потоа ги проследивме презентациите на учениците од Малта за историјата и културата на нивната земја, по што следуваше Кахут квиз на истата тема. По кратката пауза, ги погледавме видеата со традиционалните игри кои ги имаа подготвено учениците од Малта.  Следуваа интересни активности за подобро запознавање на учесниците. 

27.11.2024 год.- Вториот ден, активностите ни беа во спортскиот центар во гратчето Котонера, каде што учениците-гости беа поделени во 9 групи, и на секоја група им беа презентирани традиционалните малтешки игри од  страна на учениците од Малта. Учениците од другите земји имаа за задача да ги научат правилата на овие игри.

После паузата, учениците имаа слободни спортски активности: одбојка, бадминтон и стрелање.

После спортските активности, се упативме кон гратчето Биргу, каде што имавме ручек.

28.11.2024 год.- Третиот ден имавме разглед на главниот град на Малта, Валета, со туристички водич. Водичот ни објасни за историјата на градот и најзначајните знаменитости. Имавме можност да ја проследиме и секојдневната церемонија на испукување на топ како поздрав на бродовите кои пристигнуваат ( The Saluting Battery). 

29.11.2024 год.- Четвртиот ден учениците имаа за задача да ги учат најмалите ученици од партнерското училиште од Малта, да ги играат традиционалните игри. 

Во попладневите часови го посетивме Тивкиот град- Мдина и ги пробавме традиционалните лиснати теста ( пастици). 

30.11.2024 год.- Петтиот ден се упативме кон островот Гозо, кој е еден од трите острови кои ја сочинуваат Малта. На островот стигнавме со ферибот, и таму имавме разглед со туристички водич. Ги видовме цитаделата, плоштадот Викторија и други знаменитости на овој остров. 

Во вечерните часови имавме завршна церемонија, на која беа доделени сертификатите за учество.

01.12.2024 год. -Учесниците споделуваа видеа, фотографии, искуства и впечатоци од неделата. 

02.12.2024 год. -Во попладневните часови се упативме кон аеродромот во Малта, а во Македонија се вративме во доцните вечерни часови.

Следната мобилност од овој проект ќе биде во април, 2025 година во партнерското училиште во Грција. 

Коментари