Најголемиот натпревар по експерименти од физика „Physics in Advent” организиран од страна на Georg-August Универзитот -Гетинген со подршка на Германското, Швајцарското, Холандското и Австриското друштво на физичарите, како и од Европското друштво на физичарите.
Од нашето училиште учествуваа 12 ученика индивидуално и групно. Групата од 8 одделение ја предводи наставникот Љупчо Лазаровски додека групата од 9 одделение ја предводи наставничката Габриела Николовска. Групата од 8 одделение освои 129 од 144 поени, додека групата од 9 одделение освои 112 од 144 поени.
Во индивидуално натпреварување максималниот број на поени освои Ања Ефремовска 8 одделение Лука Тоневски 9 одделение Јована Димитрова 9 одделение Награда освои ученичката Ања Ефремовска, и честитаме и посакуваме успеси понатаму.