По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во нашето училиште  ООУ,,Кочо Рацин” Кратово во присуство на педагошко-психолошката служба,заедно со наставниците по македонски јазик  се реализира литературно  читање, на кое учество земаа учениците од IV до IX одделение.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е создаден од УНЕСКО и се одбележува од 1999 год.во интерес на зачувување на 6500 јазици, од кои на дел им се заканува исчезнување.Смислата на одбележувањето на ваквите датуми е да се разбуди свеста на човештвото за зачувување на јазиците со мал број говорители.

Да го негуваме  и чуваме нашиот јазик со тоа што ќе го научиме !

Сакајќи си го својот јазик, ќе ги сакаме и почитуваме и другите јазици !

Јазикот е нашата единствена татковина !

СЕКОЈ ЈАЗИК Е НЕЧИЈ МАЈЧИН ЈАЗИК !

Коментари