Во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во нашето училиште беше реализирана драматизација на четири сценарија поврзани со темата ученичко насилство. Настанот беше проследен од ученици и наставници, и остави силен впечаток кај сите присутни.
Сценаријата со наслови:
🔹 Новата ученичка,
🔹 Чет група без мене,
🔹 Само се зезавме и
🔹 Кој ќе го пријави?,
блиску и емотивно ги прикажаа различните облици на насилство во училишна средина – од исклучување, преку дигитална комуникација, до т.н. „шега“ која остава трајни последици.
Учениците-актери преку својата изведба пренесоа силна порака:
дека секој од нас има улога во создавање на безбедна и поддржувачка училишна атмосфера.
Во рамки на настанот, пред публиката се претстави и новоформираниот Тим за безбедност, составен од ученици кои ќе бидат активни промотори на добри односи, меѓусебна поддршка и ненасилна комуникација. Тие ќе делуваат како врснички посредници и поддршка на сите ученици кои се соочуваат со предизвици или неправда.
На крајот на настанот, секој од учесниците доби симболичен подарок и порака за благодарност – како знак на признание за нивната храброст и посветеност.
Овој настан уште еднаш потврди дека кога младите говорат – треба да слушаме. Преку театар, тие покажаа зрелост, емпатија и силна волја за промена.
