Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во нашето училиште успешно се реализираше продажна акција на рачно изработени честитки, која се одржа на 5 и 6 март 2026г. во училишниот двор.
Честитките беа изработени со многу труд, креативност и љубов од страна на нашите ученици, кои со голема посветеност учествуваа и во самата продажба. Акцијата предизвика голем интерес и беше одлично прифатена од учениците, наставниците и родителите.
Средствата кои беа собрани од продажбата ќе бидат наменети за опремување на „чил“ соба во училиштето – простор кој ќе им овозможи на учениците пријатна и поттикнувачка средина за дружење, релаксација и квалитетно поминување на нивното слободно време додека се на училиште. Во просторот ќе има удобен мебел и друштвени игри кои ќе придонесат за развивање на соработка, позитивна комуникација и добро расположение меѓу учениците.
Упатуваме голема благодарност до сите ученици и наставници кои вложија труд и креативност во изработката на честитките и активно учествуваа во акцијата.
Исто така, искрена благодарност до наставниците – ментори за нивната поддршка, организација и мотивација на учениците, како и до родителите кои ја поддржаа оваа иницијатива и придонесоа за нејзиниот успех.
Со заеднички напори уште еднаш покажавме дека кога работиме заедно можеме да создадеме позитивни промени во нашето училиште и да придонесеме за подобра и побезбедна училишна средина за сите ученици.





