0Shares

Со голема радост ја информираме училишната заедница дека нашата библиотека е збогатена со два нови наслови, создадени од млади и талентирани автори.

Станува збор за книгите „Стрелата на смртта“ од Стефан Петковски и „Каменот на времето“ од Сара Петковска. Особено сме горди што и двајцата автори се ученици во основно образование во Пробиштип, што претставува вистински пример за креативност, посветеност и љубов кон пишаниот збор уште од најрана возраст.

📖 „Каменот на времето“

Тина, Мила и Евгенија ќе патуваат низ времето заедно со еден часовник. Ќе посетат различни места и ќе се најдат во различни временски периоди. Што сè ќе им се случува? Дознајте сами!

🏹 „Стрелата на смртта“

Никој не знае како ќе го победат човекот што го нашол лакот на Епирос – лак со кој не може да се промаши. Кој е тој човек и дали постои начин да се запре стрелата на смртта? Прочитајте и откријте!

Овие дела се доказ дека младите имаат што да кажат и умеат да создадат интересни и инспиративни приказни. Со нивното вклучување во библиотечниот фонд, им овозможуваме на учениците да се запознаат со творештвото на свои врсници и да се мотивираат и самите да творат.

Ги покануваме сите ученици да ги посетат полиците на библиотеката и да уживаат во овие нови наслови.

Читајте, сонувајте и создавајте!

Или како што велат Сара и Стефан:

Биди „кул“, читај книги!

Коментари