0Shares

Денес, наставници од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, од трето и четврто одделение, заедно со наставникот по информатика, учествуваа на обуката „Училишта на 21 век“, која се одржа во ООУ „Илинден“ – Крива Паланка.

 

Во рамки на обуката, наставниците имаа можност да стекнат и надградат знаења од повеќе современи области:

 

правилно и одговорно користење на вештачката интелигенција во образованието;

 

примена на Micro:bit уредите во наставата;

 

основи на програмирање и развивање на алгоритамско размислување;

 

практична примена на дигиталните технологии и нивно поврзување со различни наставни содржини.

 

Особено значајно е што нашето училиште доби донација од 20 нови Micro:bit уреди, како и едукативен сет „A Box of Inspiration“, обезбедени со поддршка од Британската амбасада.

 

Новата опрема ќе овозможи реализација на практични активности со учениците, изучување програмирање, креирање интерактивни проекти, како и активности од областа на роботиката и STEM образованието.

 

Со ваквите обуки и инвестиции во современа технологија создаваме услови учениците да стекнуваат вештини кои се неопходни за образованието и професиите на иднината.

 

Знаење, технологија и креативност – за училиште подготвено за предизвиците на 21 век.

Коментари