Нашето училиште со претставник на меѓународниот проект „Smart Learn – The Magic of Letters and Numbers“ Нашето училиште активно учествува во меѓународниот проект „Smart Learn – The Magic of Letters and Numbers“, кој се реализира во Истанбул, Турција, со учество на наставници и педагози од Македонија, Шпанија, Хрватска и Турција.
Претставник на нашето училиште е професорот Давид Крстевски, кој заедно со професори и педагози од Скопје работи на темата „Taking Responsibilities“, насочена кон развивање на социјална и онлајн одговорност кај учениците.
Во текот на проектот учесниците разменуваат искуства, добри практики и современи пристапи во образованието, со цел да се создадат квалитетни активности што ќе ја поттикнат одговорноста, безбедното користење на интернетот, меѓусебната почит и активното учество на учениците во училиштето и заедницата.
Стекнатите знаења и искуства ќе бидат применети и во нашето училиште преку работилници и едукативни активности, со што ќе се придонесе за унапредување на воспитно-образовниот процес и развивање на дигиталните и социјалните компетенции на учениците.













