0Shares

По повод одбележувањето на Детската недела, во нашето училиште беа реализирани повеќе креативни и едукативни работилници во кои активно учествуваа наставниците и учениците.

Преку различни активности, учениците имаа можност да ја изразат својата креативност, да соработуваат, да разменуваат идеи и да учат преку дружење и заедничка работа. Работилниците беа исполнети со позитивна атмосфера, детска радост и бројни интересни моменти.

Со овие активности уште еднаш беше истакната важноста на детските права, другарството, меѓусебното почитување, толеранцијата и соработката.

Детската недела е можност да се потсетиме дека секое дете заслужува внимание, поддршка, љубов и средина во која слободно ќе учи, создава и ќе ги развива своите способности.

Благодарност до наставниците и учениците за нивниот ангажман и учество во реализираните активности.

Коментари