Како дел од еТвининг проектот „Иднината е сега“, ученици од шесто одделение од нашето училиште, под менторство на наставничката Кристина Цонкинска, учествуваа во заедничката активност за одбележување на Денот на здравјето (7 април).
Имено, учениците требаше да изберат идиоми кои се поврзани со здравје, и да ги споделат во една заедничка книга креирана со апликацијата storyjumper. На овој начин, тие ги развиваа нивните дигитални вештини и креативност и го збогатија нивниот вокабулар со многу интересни идиоми од англискиот јазик.
Во овој проект учествуваат 11 училишта од Турција, Ерменија и 3 училишта од нашата земја, чија цел е да се подигне свеста кај учениците за тековните предизвици со кои се соочува светот денес, меѓу кои и климатските промени, загадувањето, заштита на животната средина, и целокупното здравје на населението ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ.
Претходни активности од проектот беа запознавање на учесниците во проектот преку неколку онлајн средби, пишување на заедничка поема по повод светскиот ден на водата (22 март), пресметување на стапка на загадување и слични интересни активности.