„Учење англиски јазик преку драма и игри“ е Еразмус+ и Етвининг проект. Во проектот учествуваат училишта од Романија (координатор на проектот), Турција (две училишта), Португалија, Литванија и Македенија.
Етвининг проектот започна во септември 2020 година и траеше до јуни 2021 година. Во рамките на проектот учениците изработија постери и логоа и гласаа за најдобриот постер и најдоброто лого.
За лого на проектот најмногу гласови доби логото изработено од нашите ученици.
Учениците меѓусебно си разменија и новогодишни честитки.
Ги одбележавме и „Деновите на Еразмус+“ со соодветни активности.
Во Етвининг проектот беа опфатени три теми – Претставување, Спорт и Филмови.
На тема Претставување учениците имаа различни активности и креираа игри и видеа поврзани со овие теми.
Етвининг проектот се здоби со Ознака за квалитет.
Од нашето училиште учествуваа 11 ученици, а проектот го водеа наставничките Наташа Иванова и Мирјана Манева-Арсовска.