[fblike]

„Учење англиски јазик преку драма и игри“ е Еразмус+ и Етвининг проект. Во проектот учествуваат училишта од Романија (координатор на проектот), Турција (две училишта), Португалија, Литванија и Македенија.

Етвининг проектот започна во септември 2020 година и траеше до јуни 2021 година. Во рамките на проектот учениците изработија постери и логоа и гласаа за најдобриот постер и најдоброто лого.

 

 

За лого на проектот најмногу гласови доби логото изработено од нашите ученици.

Учениците меѓусебно си разменија и новогодишни честитки.

Ги одбележавме и „Деновите на Еразмус+“ со соодветни активности.

 

Во Етвининг проектот беа опфатени три теми – Претставување, Спорт и Филмови.

На тема Претставување учениците имаа различни активности и креираа игри и видеа поврзани со овие теми. 

На тема Спорт учениците беа креативни и креираа постери и видеа во кои зборуваа за својот омилен спорт.

Го одбележавме „Денот на безбеден интернет“, разговаравме и споделивме мислења и препораки како да се биде безбеден на интернет со учениците од училиштата партнери. Изработивме постер на тема Безбеден интернет и го изложивме во просториите на нашето училиште.
Како конечен резултат учениците напишаа заедничка приказна и снимија видео за приказната.
 Исто така беа креирани Фејсбук и Инстаграм страни, веб-страна, Етвининг проект и блог.

Етвининг проектот се здоби со Ознака за квалитет.

Од нашето училиште учествуваа 11 ученици, а проектот го водеа наставничките Наташа Иванова и Мирјана Манева-Арсовска.

 

[fblike]

Напишете коментар