[fblike]

Во рамки на Еразмус + проектите „Биди Безбеден“ и „ГЛАСОВИ“, денес (29.06.2021 година) беа доделени Сертификатите за учество и Еуропас Сертификати на учесниците во виртуелната дводневна мобилност организирани од страна на нашето партнерско училиште од Мадрид („Биди Безбеден“) и тридневната виртуелна мобилност организирана од нашето училиште („ГЛАСОВИ“). Покрај сертификатите, учесниците добија и маици, маски, англиско-македонски разговорници и пенкала. Пет наставници од нашето училиште пак, добија Сертификати за учество во обуката во рамки на проектот „ГЛАСОВИ“, насловена „ Емоционална интелигенција: социо-емоционално учење во училница“. Благодарност за активното учество на сите учесници во овие проектни активности и за нивното достојно претставување на нашето училиште надвор од границите на нашата земја.

 

[fblike]

Напишете коментар