[fblike]

На иницијатива и во организација на општината на град Кратово, ООУ „Кочо Рацин“ и СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово,  најдобрите ученици кои што во учебната 2020/2021 год. имаа најголеми достигнувања и награди ќе бидат наградени со патување на дводневната екскурзија во Охрид.

Патувањето до Охрид, дводневната екскурзија е предвидена во понеделник (19 Јули) со едно ноќевање/НВ полупансион во Хотел Силекс Охрид.

Тргнување од Автобуска станица во 7 часот на 19 јули (понеделник), со попатни паузи на некои бензински пумпи, пристигнување во Охрид, плажа, сместување и др. заеднички активности и враќање назад во вечерните часови во вторник (20 јули).

Сместувањето ќе биде во двокреветни и трокреветни соби, започнуваме со вечера а завршуваме со доручек во хотелот. Собите се опремени со бања, тераса, ЛЦД ТВ, интернет, базен…

Во разговор со учениците ќе се одлучи и за мали прошетки и посета до св.Наум, праисториска наколна населба во Заливот на Коските, посета на стариот град Плаошник итн.

[fblike]