0Shares

Превземено од Трансфермаркет

ВИДЕО: Десеминација на проектот Тренер Бета 1.0 во ООУ “Кочо Рацин” Кратово – Transfermarket

Денеска во просториите на ООУ “Кочо Рацин” Кратово се одржа десеминација на проектот од Еразмус + програмата Тренер Бета 1.0, кој на територијата на Македонија го спроведуваше Спорт Талент, која веќе има дебело портфолио во спроведување на вакви проекти, а чии основач е Зоран Вељановски.

Целта на проектот е да се подготви едукативна програма за млади спортисти, благодарение на која програма тие би можеле да научат повеќе за работата на еден тренер во одредена спортска дисциплина.

Претходно обуките се реализираа во договор со спортската институција одговорна во секоја земја. Секој партнер поканува спортски федерации, училишта, академии да потпишат протокол, со кој се обврзуваат да го вклучат моделот „Trainer 1.0 Beta“ во нивните вообичаени едукативни тренинзи.

Партнери на Спорт-талент во Македонија беа УСК Кочо Рацин Кратово, КК Хераклеа, ФК Рис, РК Феникс, спортски работници, професори и претставници на медиумите.

Видеото од денешната десеминација која се одржа во просториите на ООУ Кочо Рацин од Кратово може да погледнете на следниов линк.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2956955051187419&id=1481345058748433

Комплетните обуки во Кратово беа изведени во еднонеделен период (20-25/06/21), паралелно во двата града, во извонредна атмосфера и предводени од нивните тренери и ментори, Драги Иванов, Далибор Трајчев и Христина Младеновска Кузмановска од УСК Кочо Рацин Кратово.

 

 

Спорт Талент упатува благодарност до ООУ Кочо Рацин и директорката Марина Бојковска за соработката.

Коментари

Leave a Reply