0Shares

Ученици од нашето училиште, заедно со ученици од партнерските училишта од Романија, Луксембург, Шпанија и Финска, работеа денес на задачи поврзани со темите Лажни вести и Анти-булинг.

Дел од учениците дискутираа на темите Лажни вести за Ковид19, политика и слично, и креираа дигитални постери. Останатите ученици дискутираа за булинг во и надвор од училиштето, како и за сајбер-булинг, и имаа за задача да креираат брошури, и да испланираат активности за Анти-булинг настанот, што ќе се случи во четврток.

Коментари

Напишете коментар