0Shares

 

ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово го прослави својот патронат за учебната 2021/2022 година.

Денес во училиштето имаа отворен ден и се одбележаа неколку спортски активности и литературен и ликовен конкурс на тема „Рациновото срце- порта највисока, куќа најширока„ , поврзани со патрониот празник 22 декември, кога го празнуваме денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин.

Оваа година поради почитување на протоколите и мерките за превенција на Ковид-19, прославата беше скромна, со доделување на награди за ликовните и литературните творби, читање на наградените литературни творби и краток говор и честитка директорката на училиштето Марина Бојковска.

Наградените ученици кои учествуваа на ликовниот и литературниот конкурс ќе се објават тука заедно со сите учесници. Воедно ќе можете да ја разгледате и изложбата на ликовни и литературни творби.

Избраните творби од страна на училишната комисија беа наградени и ќе бидат објавени на нашата веб страна и на фб профилот на училиштето како и во изложбениот простор на училишниот хол.

Ви го честитаме празникот и Ви посакувам многу здравје, мир, радост и љубов и следната година да го прославиме без протоколите и мерките за превенција на Ковид-19 и без Ковид-19.

Коментари

Leave a Reply