Во рамките на проектот „ Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ ( Diving into digital language learning) финансиран од програмата Еразмус+, во градот Каштру Марин, Португалија, се реализираа активности во периодот од 17 јануари до 21 јануари 2022 година.
Во овој проект учествуваат наставници и ученици од пет училишта од С.Македонија, Италија, Шпанија, Потугалија и Турција. Домаќин-земја беше Португалија, односно училиштето Agrupamento de Escolas de Castro Marim.
Од нашата земја учестуваа четири ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово, односно Јована Ѓорѓиевска, Илина Чочевска, Леон Младеновски и Наум Досев, заедно со наставничката Кристина Цонкинска и директорката Марина Бојковска.
Накратко ги пренесуваме активностите реализирани за време на мобилноста.
15.01.2022 година: Пристигнување во Лисабон и сместување во хотел. Вечерно разгледување на градот.
16.01.2022 година: Разгледување на Лисабон со туристички водич. Ги видовме најзначајните места во Лисабон, меѓу кои и кулата во Белем. Вечерта се упативме кон Монте Гордо (градче во близина на Каштру Марин), каде што се сместивме во хотел.
17.01.2022 година: Прв ден во училиштето заедно со учениците и наставниците вклучени во проектот. Директорот на училиштето ни посака добредојде и успешна реализација на предвидените активности. На влезот во училиштето, ученици од Португалија ни ја претставија накратко историјата на градот и дел од неговата традиција. Потоа учениците и наставниците од Португалија, Македонија и Турција имаа онлајн средба со нивните партнери од Италија и Шпанија. Во Португалија пристигнаа ученици и наставници од Турција и Македонија, и две наставнички од Италија, а поради пандемијата, учениците од Италија и учениците и наставниците од Шпанија, одлучија да земат учество онлајн. По паузата, учениците и наставниците имаа обиколка на училиштето. После ручекот, учениците и наставниците имаа разглед на Каштру Марин со туристички водич, односно посета на замокот и Casa do Sal.
18.01.2022 година: Вториот ден учениците ја започнаа работата на нивните традиционални приказни со користење на апликации/програми по нивни избор. Тие требаше да изберат приказна и да ја претстават интерактивно со употреба на веб алатка/апликација. Различни тимови се одлучија за користење на различни веб алатки. Учениците од Италија и Шпанија беа приклучени онлајн, додека сите работеа на своите задачи. Наставниците ја следеа работата на учениците.
После ручекот, учесниците се упатија кон главниот плоштад на Каштру Марин, каде што во име на градоначалникот, не поздрави неговата заменичка, која ни посака успешна работа. Потоа ја посетивме фармата Quinta da Fornalha во близина на Каштру Марин, каде што една од сопствениците, ни раскажа за начинот на органско производство на смокви и како водени од идејата за одржливост, нивниот мал прераснал во голем и сестран бизнис. Вечерта учесниците имаа презентација за начинот на екстракција на сол од солени базени, што е главна индустриска гранка во Каштру Марин, а вечерта заврши со дегустација на органски производи од фармата.
19.01.2022 година: Третот ден учесниците имаа екскурзија до Вила Реал де Санто Антонио, каде што туристички водич ни раскажа дел од историјата на местото и ни ги покажа најзначајните места. После ручекот, го посетивме Фаро, најголемиот град во областа Алгарве.
20.01.2022 година: Четвртиот ден учениците ја продолжија работата на нивните приказни/презентации.
После ручекот, учесниците го посетија местото Cacela Velham, каде од локален водич, слушнаа за историјата на местото и главните знаменитости. Потоа, од местото Манта Рота, имавме прошетка на плажа до местото Алтура.
Вечерта сите учесници имаа заедничка вечера.
21.01.2022 година: Учениците имаа уште еден час да ги завршат нивните приказни. Во тоа време, координаторите од сите училишта имаа онлајн состанок на кој зборуваа за следната мобилност и детали околу апликацијата која треба да биде подготвена во рамки на проектот.
Потоа следуваа презентациите на учениците од Шпанија, Италија, Турција, Македонија и Португалија. Сите презентации беа интересни и креативни и беа користени различни веб алатки/програми за нивно креирање.
После ручекот, посетивме една локална фирма која пакува и дистрибуира сол, а еден од вработените ни објасни накратко за нивната работа.
Вечерта, во училиштето сите учесници повторно имаа заедничка вечера, на која беа доделени сертификати на сите учесници во мобилноста.
22.01.2022 година: Патување назад кон Македонија.
Им благодариме на нашите партнери од Португалија за прекрасната организација на неделата. Нашите учесници имаа можност да ја видат и доживеат португалската култура и начин на живот, да ги развијат нивните дигитални и презентациски вештини, да ги усовршат нивните комуникациски вештини и секако, да ја збогатат нивната листа на контакти со другарчиња од други земји.
Следната мобилност од овој проект е предвидена да се случи во Италија, во април, 2022 година.