17Shares

  ИЗВЕСТУВАЊЕ 

                                              (Еразмус+ проект „Биди Безбеден“)

 

Во рамки на проектот „Биди Безбеден“, во периодот од 26 до 29 април, 2022 година, ќе се одржи виртуелна мобилност организирана од партнерското училиште од Луксембург. 

 

Активностите ќе бидат во текот на утринските часови, а за времетраењето на тие средби, учениците ќе бидат благовремено информирани. 

 

Можат да се пријават сите заинтересирани ученици од нашето училиште од шесто до деветто одделение.

 

Учениците ќе бидат поделени во две групи, една група за „Слики што лажат“ а другата група за Анти-булинг.

 

На учесниците во оваа мобилност ќе им бидат доделени Сертикати за учество во мобилноста, Европас сертификати за стекнати вештини/компетенции и дополнителни подароци.

 

Пријавувањето е преку пополнување на Пријавата на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1Hv8uHqQJ58rjlX3T3vKSirZXpgs4OupsDbfZK0pbTZk/edit

 

Рокот за пријавување за оваа мобилност е 18 април (понеделник), 2022 година.

Коментари

Leave a Reply