[fblike]

 ИЗВЕСТУВАЊЕ

               (Еразмус+ проект „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“)

 

Се известуваат сите ученици од шесто до деветто одделение од ООУ „Кочо Рацин“-Кратово, кои се веќе учесници во Еразмус+ проектот „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ или пак сакаат да се приклучат и да учествуваат во проектот, можат да ја пополнат Пријавата за учество во мобилноста во Турција и на тој начин да се пријават за следната мобилност од проектот, која е предвидена да се случи од 9 до 13 мај, 2022 година, во Бурса, Турција

Линк до Пријавата: https://docs.google.com/forms/d/1RY68Zasg2t5vqc-aSHTLOJfAJ_d0Qpkn48IHJPmYOQM/edit

 

Од пријавените ученици, ќе бидат избрани најмалку четири (4) а најмногу осум (8) ученици, а изборот ќе бидат направен според следниве критериуми:

– ученикот нема претходно учествувано во мобилност во овој или некој од другите Еразмус+ проекти во училиштето.

– ученикот има КОВИД19 сертификат ( за прележаност или вакцина).

– ученикот активно учествувал и успешно ги завршувал проектните активности.

– ученикот солидно го владее англискиот јазик.

ПОЈАСНУВАЊЕ: Ученикот не мора да ги исполнува сите критериуми, но при селекцијата, ќе се земе предвид кои критериуми ги исполнува.

Рокот за пријавување за оваа мобилност е 18 април (понеделник), 2022 година.

 

За повеќе информации околу пријавувањето и мобилноста, учениците можат слободно да се обратат на проектниот координатор, наставничката Кристина Цонкинска, лично, или на следните контакти:

 

емаил: [email protected]

телефон: 077-929-815

 

[fblike]

Напишете коментар