0Shares

Во рамките на проектот  „ Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ ( Diving into digital language learning) финансиран од програмата Еразмус+, во градот Бурса, Турција, се реализираа активности во периодот од 9 до 13 мај, 2022 година.

Во овој проект учествуваат наставници и ученици од пет училишта од С.Македонија, Италија, Шпанија, Потугалија и Турција. Домаќин-земја беше Турција, односно училиштето Alara Ortaokulu.

 

Од нашата земја учестуваа осум ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово:

Дениција Атанасова- VIII-а

Теона Лазаревска- VIII-б

Матеа Додева- VIII-б

Мила Пешевска- VIII-б

Новица Стоилков- VII-б

Ивана Давиткова- VIII-б

Бојан Маневски- IX-a

Сара Арсова- IX-a

Учениците беа придружувани од наставничката Кристина Цонкинска и директорката Марина Бојковска.

Накратко ги пренесуваме активностите реализирани за време на мобилноста.

08.05.2022 година: Пристигнување во Бурса и сместување на учениците во фамилии.

09.05.2022 година: Средба на сите учесници пред училиштето. Активности за запознавање на учесниците во проектот. Свечена церемонија за отворање на мобилноста, добредојде од директорот на училиштето и претставник од министерството за образование.

Потоа учениците од сите партнерски училишта имаа презентации за нивните училишта и градови.

Потоа сите учесници со жичара отидоа на планината Угудар, каде што имаа заеднички ручек.

10.05.2022 година: Вториот ден учесниците се сретнаа пред училиштето а потоа сите се упативме кон центарот за иновации БЕБКА, каде што учениците во групи следеа четири различни работилници за употреба на Kahoot и Quizzes за креирање на онлајн квизови, програмирање во Scratch, креирање на 3Д модели и употреба на Plickers за интерактивни квизови.

Учесниците имаа можност да видат и како изгледа 3Д печатар и како се одвива 3Д печатењето. Исто така видоа и како изгледа сет за виртуелна реалност а дел имаа можност и да пробаат игри во виртуелна реалност.

После ручекот, учениците се вратија во фамилиите а наставниците го посетија градчето Тирилие.

11.05.2022 година: Третиот ден учесниците имаа разглед на стариот дел од градот Бурса со туристички водич. Беа посетени двете најпознати џамии во градот ( Големата џамија и Зелената џамија), Зелениот мазолеум, мостот Ирганди (еден од неколкуте мостови со пазар), базарот Коза хан и музејот за Османлиската империја каде што ја има најголемата панорамска слика во светот.

После ручекот, учесниците го посетија Центарот за вселена и авијација ГУХЕМ, каде што со водич имаа разглед на експонатите во двата дела ( за авијација и вселена). Учениците имаа можност да научат повеќе авијацијата и вселената преку интерактивни активности и симулации.

12.05.2022 година: Четвртиот ден учесниците го посетија центарот БУСМЕК каде што имаа креативни традиционални работилници, а на базарот за традиционални рачни изработки кој што се случуваше во центарот, имаа можност да видат како изгледа процесот на производство на свила. После работилниците, учесниците го посетија музејот во истиот објект.

Потоа, во селото Cumalikizik кое што е едно од настарите населби на Османлиската империја и под заштита на УНЕСКО, учесниците имаа традиционален ручек и разглед на местото.

Вечерта, учесниците имаа завршна заедничка вечера, каде што беа доделени сертификатите за учество и се споделија убавите искуства од мобилноста и проектот воопшто. Учесниците од сите земји претставија дел од нивните традиционални песни и танци.

13.05.2022 година: Петтиот ден, учесниците го посетија Истанбул, каде што имаа разглед на најпознатите места во градот со туристички водич (Dolmabahce Palace, Topkapi Palace, Hagia Sophia Mosque).  Разгледот заврши со возење на брод по Босфор.

 

Оваа мобилност беше можност за учесниците да ги развијат нивните дигитални и јазични вештини и интеркултурни компетенции преку соработката со ученици од други европски земји.

Коментари

Напишете коментар