[fblike]

Учениците од ООУ “Кочо Рацин – Кратово и учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово, заедно со менторот-наставник Даниел Тодоровски и ликовниот уметник Симона Манчева учествуваа во проектот „Мозаик инсталација како културна соработка и современо живеење – Платформа за меѓународна соработка“, Проект организиран од здружението „Добредојде Македонија Велкам Центар” (ОМ WC), подржан од Бугарска Амбасада.

Настанот се одржа во Дом на Култура – Кратово, на 25.05.2022 год и 26.05.2022 год. и учениците се запознаа со традиционалната изработка на мозаик, со традиционалните алатки во изработката на мозаикот, и нивните изработки ќе останат како трајно културно-уметничко богатство и наследство во дворот на Дом на Култура – Кратово.

Мозаиците беа бидат изработени од рециклирани крш плочки, а цел на проектот е да се поттикнат принципите за зелената култура и културата да оди во правец на заштита на животната средина.

 

 

 

[fblike]

Напишете коментар