0Shares

Се известуваат сите ученици од ООУ „Кочо Рацин“-Кратово кои што од следната учебна година ќе бидат од шесто до деветто одделение, дека можат да се пријават за учество во Еразмус+ проектот „Учење англиски јазик преку драма и игри“ кој што започна во септември, 2020 година и ќе трае до август, 2023 година. 

 

Целите на овој проект се следните:

 

– учениците да стекнат поголема самодоверба во комуникацијата на англиски јазик преку драма и игри;

– да развијат вештини за меѓусебна соработка и креативно пишување;

– преку користење драма и игри да се развијат вештините за зборување на англиски јазик кај учениците;

– учениците да ја развијат својата креативност и да можат сами да создаваат игри и да пишуваат драмски текстови кои ќе им го направат учењето на англискиот јазик поинтересно;

– преку активности на часовите по англиски јазик да се зголеми познавањето на учениците на јазикот;

– преку активности на часовите по англиски јазик да се намали нивото на стрес кој учениците го доживуваат кога треба да зборуваат на англиски јазик;

– училиштата да се промовираат на интернационално ниво.

 

Проектот го спроведуваат 6 училишта од 5 земји: Романија (координатор), С.Македонија, Португалија, Литванија и 2 училишта од Турција. Досега е реализирана една мобилност од овој проект, во Мерсин, Турција, во јануари, 2022 година. 

 

Пријавувањето е преку пополнување на кратка апликација на следниот линк: 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScBYJbwJh-iRFYASsgUfnkIX4-3mb_YJ6f9Ns0XTWTGNqVYww/viewform?usp=sf_link

 

За повеќе информации можете да се обратите кај наставничката Кристина Цонкинска, на следниот емаил: [email protected]

Коментари

Leave a Reply