0Shares

Денес во посета на ООУ “Кочо Рацин” Кратово е м-р Анета Трпевска – Државен Секретар на Министерството за образование и наука.

Во рамките на посетата е промовирана успешната реализација на проектите за реконструкција на училиштето со нова енергетско-ефикасна фасада, нови прозори, набавка на нови минибуси за превоз на ученици, Еразмус+ мобилности, нови компјутери, нови смарт табли, нов кабинет по хемија, ново спортско игралиште во соработка со USAID и ЕЛС Кратово итн.

Државниот Секретар го пофали менаџментот на училиштето кое во време на економска криза успеало да реализира големи капитални проекти за подобрување на воспитно-образовната дејност во Кратово и порача на Директорката со вакво темпо де се продолжи и во иднина со реализација на најавените нови капитални и Еразмус+ проекти.

 

Коментари

Leave a Reply