80Shares

Во рамки на Еразмус+ проектот „Учиме англиски јазик преку драма и игри“, во периодот од 19 до 23 јуни, 2022 година, во партнерското училиште од Мерсин, Турција, се одржа втората мобилност со физичко присуство на учесниците од овој проект.

Учесници беа четири (4) ученици од нашето училиште и наставничката Кристина Цонкинска, која е проектен координатор, како и дванаесет (12) наставници и 22 ученици од Турција, Романија, Португалија и Литванија.

Темата што учесниците во проектот ја работеа оваа недела беше „Гатање“, а учениците преку игри и драма ги вежбаа идните времиња во англискиот јазик. 18.09.2022 година- Во раните утрински часови македонскиот тим пристигна на аеродромот во Адана, Турција и потоа се упативме кон областа Кападокија. Таму со туристички водич посетивме подземен град, познатата Долина на гулабите, Долината на љубовта и дознавме интересни факти за тие места. Потоа продолживме со патувањето до градот Мерсин, каде што се сместивме во хотел. 19.09.2022 год.

– Првиот ден од работната недела учесниците се упатија кон училиштето-домаќин, каде што ученици од училиштето има настап со традиционални танци. Потоа следеа презентациите на сите партнерски училишта за земјата, градот и училиштето од кое доаѓаат. После игрите, сите учесници имаа заеднички ручек. После ручекот, се вративме во училиштето и учениците ги играа игрите за идни времиња подготвени од партнерските училишта од Турција и Романија. После игрите, учениците беа поделени во 5 интернационални групи, и сите групи добија различна тема на која требаше да смислат и напишат кратка драма. Секоја група, после „бурата на идеи“ за почна со пишување на скриптата. Наставниците имаа координативен состанок, на кој се разговараше и се утврдија датумите за сите следни мобилности. Вечерта сите учесници имавме заедничка вечера. 20.09.2022 год.

– Вториот ден, учесниците се упатија кон „Научното село во Мерсин“. Таму учениците имаа можност да проследат различни демонстрации на научни факти. После ручекот, учесниците отидоа во училиштето и ги играа игрите за идни времиња подготвени од македонскиот и тимот од Литванија. После игрите, учениците во своте групи продолжија со работа на скриптите за нивните драми. Вечерта, учесниците имаа заедничка вечера, каде имаа можност да слушаат турска музика и се играа традиционални танци од партнерските земји. 21.09.2022 година

– Третиот ден учениците во истите групи ги вежбаа нивните драми по улоги и се подготвуваа за изведба. Откако учениците завршија со пробите, имавме екскурзија до Силифке, каде што имаме ручек, а потоа со туристички водич го посетивме местото „Пекол и рај“, уште една пештера во близина и го видовме Замокот на девојката ( The Maiden castle). 22.09.2022 година-

-Четвртиот ден, сите групи ги презентираа своите драми пред останатите учесници. Потоа се упативме кон Тарсус, каде што имавме традиционален ручек а потоа ги видовме најзначајните места во Тарсус, и дознавме повеќе за нив од туристички водич. Во вечерните часови ја имавме завршната церемонија на која беа доделени сертификатите за учество на сите учесници. 23.09.2022 година

– Последниот ден, учесниците се дружеа и ги разменуваа нивните искуства и впечатоци. Наредниот ден, се упативме кон аеродромот во Адана, и во Македонија се вративме во вечерните часови. Преку овие активности сите учесници ги прошираа своите знаења во врска со идните времиња во англискот јазик, ја развиваа нивната креативност преку креативно пишување, ги усовршија нивните дигитални и комуникациски вештини, го подобрија нивниот англиски јазик и научија за други култури. Ова беше едно убаво искуство за сите учесници. Следната мобилност од овој проект ќе биде од 7 до 11 ноември, 2022 година во нашето училиште.

 

 

Мобилност во Мерсин, Турција, Еразмус+ проект “Учење англиски јазик преку драма и игри”

Posted by ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово on Tuesday, September 27, 2022

 

 

Коментари

Leave a Reply