Манифестацијата за популаризација на природните науки” Ноември – месец на науката” 2025 год. се одржа во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје. Настанот е отворен за сите ученици од основните и средните училишта, како и за нивните наставници по природните науки – математика, биологија, хемија и географија.
Исто така во склоп на настанот се одржа Школа за „Млади Физичари“, на која со експерименти по предметот физика се претставија и ученици од нашето училиште ООУ” Кочо Рацин” Кратово под менторство на наставник Габриела Николовска и Лупчо Лазаровски:
- Ана Милевска IX-а
- Стефани Анчевска IX-а
- Божидар Златковски IX-а
- Бојан Арсовски IX-а
- Иван Ѓеорѓиевски IX-а
- Ања Ефремовска IX- б
- Јана Тодоровска IX-б
- Мила Петровска IX-б
- Антонија Николовска VIII-a
Учениците
Бојан Арсовски и Ана Милеска се здобија со прва награда за својот експеримент
Божидар Златковски со втора награда
Останатите ученици добија сертификати за учество –признание за вложениот труд и поттик за идни успеси



















