57Shares

Денес во нашето училиште се одржа првата сесија од подготовките на тимот за роботика за натпреварот FIRST LEGO League Challenge 2025 – UNEARTHED™. Учениците се запознаа меѓусебно како тим, ја открија темата на претстојната сезона и ги научија основните алатки и материјали со кои ќе работат.

Во текот на работилницата, тимот успешно изработи дел од моделите за мисииите и направи прв чекор кон истражувањето и решавањето на предизвиците што ги очекуваат.

Следуваат возбудливи активности, учење и многу тимска работа – со нетрпение ги очекуваме следните сесии!

Коментари