65Shares

Со голема гордост информираме дека eTwinning проектот „Једи здраво“ („Храни се здраво“) се здоби со престижната Европска ознака за квалитет (European Quality Label). Со ова признание се наградени и менторите на проектот, Мирјана Манева-Арсовска и Љупчо Лазаровски, за нивната посветеност, креативност и успешна соработка на европско ниво.

Исто така, со Европска ознака за квалитет се наградени и учениците учесници во проектот: Мила, Јана, Ања, Матеа, Меланија и Теона, кои со својот ангажман и тимска работа значајно придонесоа за успешната реализација на проектот.

Голема благодарност и честитки до сите ученици и ментори за постигнатиот успех, кој претставува признание за квалитетна работа и промоција на здрави животни навики и европски вредности.

Коментари