18Shares

Минатата недела, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во нашето училиште успешно се реализираа две значајни активности насочени кон превенција и справување со ученичкото насилство.
Во вторник, на 9.12.2025 година, се одржа врсничка едукација реализирана од учениците Мила од VI одделение и Мила, Јана, Тијана, Сара и Мила од IX одделение. Тие едуцираа 40 свои соученици на тема ученичко насилство – негово препознавање и начини на справување. Активноста заврши со интерактивен квиз, преку кој учениците го проверија и зацврстија стекнатото знаење. Врсничката едукација се реализираше под менторство на наставниците Љупчо Лазаровски и Мирјана Манева-Арсовска.

Во четвртокот, на 11.12.25година, се одржа работилница со родители на тема „Родителски стилови“. Присутните родители најпрво пополнуваа воведен прашалник, а по завршувањето на работилницата се разви отворена и конструктивна дискусија. Работилницата ја водеше училишниот психолог.


Со овие активности училиштето продолжува активно да работи на јакнење на безбедна, поддржувачка и позитивна училишна средина за сите ученици.

Коментари