77Shares

Учениците од Ученичкиот парламент и Тимот за поддршка и безбедност од нашето училиште предводени од педагогот денеска го посетија подрачното училиште во Крилатица.

Посетата беше реализирана со цел зајакнување на соработката и дружењето меѓу учениците, преку заеднички активности и спортски игри.
Во пријатна атмосфера и со помош на наставничката по физичко образование Кристина Младеновска Кузмановска учениците уживаа во низа интересни активности, играа, соработуваа и создадоа незаборавни моменти исполнети со радост и позитивна енергија.
 
 
 
Коментари