79Shares
Почитувани,
Задоволство ни е да Ве поканиме на настанот „ Херои во сите бои“ кој ќе се реализира на 16.12.2025г. во Ресторан Аркус, Куманово со почеток во 17:00. На овој настан врвни експерти од државата ќе зборуваат за истражувањата, иновациите и надминувањето на предизвиците поврзани со нарушувањето од спектарот на аутизам. Настанот е главно наменет за родители, но и за истражувачи, специјални едукатори, педагози, лекари, наставници, претставници од НВО и сите други заинтересирани страни.
Овие средби се реализираат како дел од активностите на Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин и имаат за цел да придонесат кон поинклузивно и поправедно општество.
Ве покануваме да ни се придружите на оваа средба, каде освен можноста да чуете корисни информации ќе можеме заеднички да придонесеме кон подигањето на јавната свест за нарушувањето од спектарот на аутизам. Агендата за настанот е во прилог. Слободно поканата споделете ја со родители на деца со нарушување од спектарот на аутизам од вашиот регион.
Во одделна просторија во Ресторан Аркус ќе имаме организирано активности со специјален едукатор. Доколку сте родител на дете со нарушување од спектарот на аутизам на настанот со Вас поведете го и вашето дете.
Влезот на настанот е слободен, но ве молиме да го пријавите Вашето присуство (име, презиме и дека пријавата се однесува на настанот во Куманово) најдоцна до 12ти декември на: [email protected]
Ве очекуваме.
Со почит,
Тимот на Фондацијата д-р Верица Механџиска

__________

Branka Djajkovska

Project Manager

Dr. Verica Mehandziska Foundation Skopje

Mob: +389 75 475891

E-mail: [email protected]

A black background with yellow text

Коментари