Нашето училиште успешно учествуваше во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Фондацијата ПЕСТАЛОЦИ и спроведуван од Коалицијата на младински организации СЕГА, МЦГО, МЕЃАШИ и СмартАП.
Во рамки на проектот, ученичките тимови, со поддршка од наставниците, креираа и реализираа активности насочени кон унапредување на безбедноста во училиштето, поттикнување на ученичкиот глас и подигнување на свеста за правата и обврските на учениците.
Креираните активности беа верификувани од страна на стручни верификатори и објавени на ЕдуЛаб – порталот за професионален развој, во делот Активности/Идеја+, како примери на добра образовна практика. Преку објавените линкови, сите заинтересирани можат да се запознаат со активностите
Како да реагираме? (ЛИНК)

Секој ученик има глас (ЛИНК)

Права + обврски = Ученик што менува! (ЛИНК)

Овие активности можат да послужат како корисен ресурс и инспирација за наставниците, кои имаат можност да ги спроведат и со други ученички групи, прилагодувајќи ги според возраста и потребите на учениците, со цел понатамошно јакнење на безбедната и поддржувачка училишна средина.
Како признание за вложениот труд и ангажман, на наставниците и учесниците во проектот им беа доделени сертификати за активно учество.
Горди сме на нашите ученици (Ана, Божидар, Бојан, Давор, Емил, Лана, Лука, Марио, Матеја, Меланија, Мила, Михаил, Мила, Невена, Нела, Огнен, Предраг, Сара, Сергеј, Теона, Тијана, Филип, Теона) и наставници и стручни соработници (Љупчо Лазаровски, Мирјана Манева-Арсовска и Биљана Николовска) за покажаната посветеност, креативност и одговорност и ќе продолжиме активно да поддржуваме иницијативи кои придонесуваат кон позитивна и безбедна училишна клима.
