0Shares

Почитувани родители, наставници и драги ученици,

Ве известуваме дека во четврток (5 март 2026г.) и петок (6 март 2026г.), во дворот на училиштето ќе се реализира продажна акција на честитки по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Честитките се рачно изработени од нашите ученици, со многу љубов, креативност и посветеност. Со купување на честитка не само што ќе израдувате некого за празникот, туку и директно ќе придонесете кон унапредување на училишниот живот.

Средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за опремување на „чил“ соба – пријатен и функционален простор во училиштето каде учениците ќе можат квалитетно да го поминуваат своето слободно време. Собата ќе биде наменета за дружење, релаксација и одмор помеѓу часовите, а ќе биде опремена со удобен мебел и разновидни друштвени игри кои ќе поттикнуваат соработка, креативност и позитивна комуникација меѓу учениците.

Останатите потребни средства за опремување на просторот ќе бидат обезбедени преку кофинансирање од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ и училиштето.

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ во нашето училиште се спроведува втора година, со поддршка од Детската фондација Песталоци, а е координиран од Коалиција на младински организации СЕГА, во соработка со ПДАС Меѓаши, МЦГО и СмартАП.

Ве повикуваме сите да ја поддржите оваа иницијатива и заеднички да придонесеме за создавање поубава, побезбедна и поттикнувачка училишна средина за нашите ученици.

Со почит,

ООУ„Кочо Рацин“ Кратово

Коментари