0Shares

Во духот на инспирацијата и љубовта кон пишаниот збор се одржа литературното читање на творбите од конкурсот на тема „Свети Ѓорѓи Кратовски – закрилник и светилник на Кратово“. Ликот и делото на Свети Ѓорѓи Кратовски повторно ги обединија младите творци, потсетувајќи нè на силата на верата, храброста и светлината што треба да ја носиме во себе.

Настанот беше исполнет со искрени емоции и силни пораки, а секој прочитан збор беше доказ за зрелоста и талентот на учениците. На учесниците им беа доделени благодарници и книги, додека победниците добија и ваучери како поттик да продолжат да пишуваат и да веруваат во себе.

Посебна благодарност до градоначалникот на Кратово за поддршката и вниманието кон учениците.

Голема благодарност и до учениците од 6а одделение и ПУ „Крилатица“ кои со својата креативност го разубавија настанот. Нека зборот продолжи да нè поврзува и инспирира. ✨

Коментари