По повод празникот 8 Март – Меѓународниот ден на жената, со учениците од четврто одделение се реализираше креативна работилница за изработка на украсни честитки и предмети во техника декупаж, под водство на Елена Доленц.
За време на работилницата учениците имаа можност да ја покажат својата креативност и умешност преку изработка на рачно изработени честитки и декоративни предмети. Користејќи различни видови хартија, салфетки со мотиви, бои, лепак и други декоративни материјали, тие создаваа уникатни и оригинални изработки.
Со голем ентузијазам и посветеност учениците ги применуваа научените техники, внимателно украсувајќи ги своите честитки и предмети во декупаж техника. Работилницата се одвиваше во позитивна и креативна атмосфера, каде учениците со радост соработуваа и ги развиваа своите уметнички способности.
Изработените честитки и декоративни предмети ќе бидат изложени и продавани, а собраните средства ќе бидат наменети за уредување на „Чил соба“ за учениците – простор каде тие ќе можат да се релаксираат, дружат и поминуваат квалитетно време.
Преку оваа активност учениците не само што ја развиваа својата креативност, туку учеа и за значењето на хуманоста, заедништвото и придонесот кон подобрување на училишната средина. Работилницата беше уште еден убав пример како преку креативна работа и заедничка иницијатива учениците можат да направат позитивна промена во своето училиште. 🌸








