Во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, П.У. Крилатица и П.У. Секулица беше одбележан Денот на математиката – ПИ ДЕН, со нашите ученици.
Целта на активноста беше учениците на интересен и креативен начин да се запознаат со бројот π (пи) и неговото значење во математиката. Настанот започна со кратка презентација за бројот π, неговото откривање и примената во секојдневниот живот. Учениците имаа можност да научат интересни факти за овој математички број и зошто 14 март се слави како ПИ ДЕН. Потоа следуваа забавни активности и задачи поврзани со математиката: решавање логички задачи, квиз со прашања, како и натпревар во запомнување на што повеќе децимали од бројот π. Учениците работеа во групи, со голем интерес и активно учество. Преку игра, соработка и натпреварувачки дух, учениците го продлабочија своето знаење по математика и покажаа дека учењето може да биде интересно и забавно.
Одбележувањето на ПИ ДЕН помина во пријатна и работна атмосфера, а учениците покажаа голема мотивација и љубопитност за математиката.
Реализирано од страна на наставниците: Љупчо Лазаровски, Габриела Николовска, Катерина Филиповска и Тамара Костадиновска
Коментари










































