0Shares

Денес во нашето училиште свечено беше отворено новото катче за релаксација и
дружење, наменето за учениците како простор за одмор, социјализација и квалитетно
поминување на слободното време.
По отворањето, во холот на училиштето се одржаа активности со друштвени игри, каде
учениците имаа можност да се дружат, да соработуваат и да уживаат во пријатна и
позитивна атмосфера.
Настанот беше збогатен и со мало освежување што дополнително придонесе за
убавото расположение и веселата атмосфера.
Со отворањето на ова катче, училиштето доби уште еден значаен простор кој ќе
придонесе за подобрување на училишниот живот и благосостојбата на учениците.
Овој проект се реализира во рамки на иницијативата „Промоција на безбедна
училишна средина“, која во нашето училиште се спроведува веќе втора година, со
поддршка од Детската фондација Песталоци, а координирана од Коалиција на
младински организации СЕГА, во соработка со ПДАС Меѓаши, МЦГО и СмартАП.
Се надеваме дека ова катче ќе биде место каде ќе се создаваат убави спомени, нови
пријателства и позитивна енергија.

Коментари