Во нашата училишна библиотека можат да се најдат наслови што ќе ги однесат малите читатели во свет полн со авантури, фантазија и интересни ликови! Доколку сакате забавни приказни и возбудливи патувања низ имагинарни светови, побарајте ги следниве наслови од Џефри Арчер:
Вили и лошиот капетан

Кога најголемата подморница на светот, Нептун, ќе се загуби некаде на дното на Атланскиот Океан, Вили и мечето Рандолф мора да ги спасат заробените морнари – со помош на птицата Исправенка, галебот Сибил и Борис, синиот кит. Тоа значи дека ќе мора да го победат Конрад, лошиот капетан, и неговата банда од стотици ужасни харинги што ја заробиле подморницата, затоа што Конрад сака да јаде морнари.
Дали Вили и неговите пријатели може да победат?

Вили го посетува четириаголниот свет

Кога мачето Јо-Јо ќе го киднапираат, Вили и мечето Рандолф тргнуваат на пат низ вселената, за да го спасат од четириаголниот свет каде што го однеле – со помош на Волненките, змијата Блескавица, големиот Вревливко и птицата Превртенка. Тоа значи дека ќе треба да ги победат Чудовишко и птицата Крадливка, коишто ја киднапирале Јо-Јо, бидејќи мачињата му биле омилен појадок на Чудовишко.
Дали Вили и неговите пријатели ќе може да го спасат мачето?

Признаено од кралицата

Кралот Добротвор и Кралицата Ѕвонка од Малосвет се согласија да се одржи трка, за да може да решат кој е најбрзиот автомобил во нивното царство. Сите седум автомобили во кралството се појавија на линијата: Брзинко, Алчко, Помодарко, Блескавко, Излитенко, Збунетко и Малиот Коцко. Кој од нив ќе победи во трката? И, кој автомобил ќе ги освои срцата на сите присутни?

Џефри Арчер е меѓународно признат автор што пишува прекрасни приказни за деца, а друштво му прави Прија Куријан со веселите и забавни илустрации.
