0Shares

Нашето училиште, ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, во организација на  Општина Кратово,, зеде учество во најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја – „Генералка викенд 2026“.

Како што секоја пролет во секое добро домаќинство доаѓа време за чистење на домовите и дворовите по долгата зима, така и нашата заедничка куќа – Земјата – заслужува грижа, внимание и чиста околина.

Затоа, преку оваа акција, учениците и вработените дадоа свој придонес во пролетното чистење на нашите улици, училишен двор и околина, испраќајќи силна порака дека грижата за животната средина започнува од секој од нас.

Да ја чуваме природата, затоа што таа е нашиот заеднички дом!

„Генералка викенд“ е голема пролетна еколошка акција за чистење, која се организира секој мај во период од десет години, од 2021 до 2031 година — од 30-тиот до 40-тиот роденден на нашата земја.

Акцијата се реализира заедно со партнерите: Пакомак, Нула Отпад, Пивара Скопје, ЕВН, Макстил, Заубермахер, ИУТЕ, КАЗ Груп, ЗЕЛС и Црвен крст, со цел нашата земја да се исчисти од отпадот од минатото и истиот да се рециклира во зелена иднина за нас и за генерациите што доаѓаат.

Овогодинешниот „Генералка викенд 2026“ ќе се одржи од 8 до 10 мај 2026 година во сите општини во Македонија.

Акцијата е поддржана од Министерството за образование, Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство.

Од 2021 година досега, повеќе од 100.000 волонтери од 81 општина собрале над 1.500.000 килограми отпад во рамки на „Генералка викенд“.

Покрај тоа, од 2022 година се засадени повеќе од 136.000 дрвја во 29 општини, заедно со јавни и приватни донатори. Овие зелени површини го носат името „Сончева гора“, а целта е до 2031 година „Сончева гора“ да има во секоја општина во нашата земја.

Со заедничка грижа, чиста околина и одговорен однос кон природата, градиме поздрава и позелена иднина за сите нас.

News

Коментари