0Shares

Нашиот ученик Иван Ѓеорѓиевски од деветто одделение, под менторство на наставничката Кристина Цонкинска, минатата сабота (9.5.2026 г.) учествуваше на државниот натпревар по англиски јазик и освои трета награда.

Натпреварот се одржа во ООУ „Лазо Анѓеловски“ во Скопје, а учествуваа ученици од основните училишта од целата земја.

Му посакуваме многу успеси на Иван во иднина!

Коментари