0Shares

Денес, наставникот по информатика Давид Крстевски, заедно со претседателите на класовите од VI одделение, беа во посета на ООУ „Наум Охридски“ – Булачани, Скопје, каде учествуваа на интерактивна работилница на тема „Taking Responsibilities“ (Преземање одговорност).

🤝 За време на посетата, нашите ученици имаа можност да се запознаат и дружат со учениците од училиштето-домаќин, да ја запознаат нивната училишна средина и заеднички да учествуваат во интересни и едукативни активности.

💡 Во фокусот на работилницата беше одговорноста во секојдневниот и социјалниот живот, како и одговорното однесување во онлајн светот. Преку дискусии, практични примери и интерактивни активности, учениците размислуваа за изборите што ги правиме, последиците од нашите постапки, почитувањето на другите, безбедното користење на интернетот и важноста секој од нас да преземе одговорност за своето однесување.

Ваквите средби се одлична можност учениците да стекнат нови знаења и искуства, да развиваат критичко размислување, меѓусебна почит и свест дека одговорноста започнува од секој од нас – и во реалниот и во дигиталниот свет.

🌍💻 #TakingResponsibilities #SmartLearn #ErasmusPlus #Одговорност #ОнлајнБезбедност #ДигиталнаПисменост #УчимеЗаедно

Коментари