0Shares

По повод Светскиот ден на храната,учениците од IX одд заедно со наставничката Весна Петрова за време на изборните часови по предметот Готвење, денес готвеа вкусни вафли и мини крофнички кои беа поделени низ пониските одделенија.

Учениците од IV одделение заедно со нивните оддееленски раководители ги посетија кујната и ресторанот на СОУ „Митко Пенџуклиски“, каде што се запознаа со практичната работа на учениците од III година од СОУ „Митко Пенџуклиски“ и заедно со нив готвеа специјалитети за престојната Компиријада 2026.

Сите ученици од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово одржаа работилници каде што се запознаа со здравата исхрана и здравиот начин на готвење.

Кога знаењето го претвораме во практични вештини, креативни идеи и свесност за значењето на здравата исхрана,правилно искористување на храната и одговорен однос кон ресурсите.

Учиме, создаваме и градиме вештини за иднината!

Коментари