0Shares

Во нашето училиште имавме можност да бидеме дел од едукативна и интересна средба со Боренка, преку која учениците на интерактивен и забавен начин се запознаа со значењето на шумите и нивната улога во зачувувањето на животната средина.

Преку игра, разговор и различни активности, учениците учеа за опасностите од шумските пожари, за одговорното однесување во природа и за начините на кои секој од нас може да придонесе кон нејзина заштита. 🌍🌿

Особено значајно е што ваквите активности кај најмладите ја развиваат еколошката свест и чувството на одговорност кон природата уште од најрана возраст.

Упатуваме благодарност до Боренка за интересната и поучна дружба, како и до Ладна за поддршката на оваа зелена мисија. 💧🌲

Со заеднички активности создаваме генерации кои ја почитуваат, сакаат и чуваат природата.

#Боренка #Ladna #Ладна #ЗаштитаНаПриродата #ЧувариНаПриродата #ЕкоЕдукација #ЕколошкаСвест #Шуми #ЗаштитаНаШумите #СтопЗаШумскиПожари #ЗеленаИднина #ООУКочоРацин #Кратово

Коментари