[fblike]

Учениците од нашето училиште преку етвининг проектот „Једи здраво“ („Храни се
здраво“) денес го одбележаа Светскиот ден на јаболкото со тоа што изработија
обележувачи на страници (bookmarks) на тема јаболко. Се разговараше и за тоа колку
јаболкото е здраво и дали јаболкото како сезонско овошје секојдневно е застапено во
нивното дневно мени.

https://www.facebook.com/share/p/TQBbRUGXL3dvQ2yH/

Изработените обележувачи ги поделија на ученици од училиштето со цел
подигнување на свеста за здрава ужина. Во активноста беа вклучени и ученици од
ученичкиот парламент кои понатаму ќе ја пренесат пораката на своите соученици за
важноста на здравата искарана.
Во етвининг проектот учествуваат ученици и наставници од Хрватска, Србија, Црна
Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Одговорни наставници од нашето
училиште се Љупчо Лазаровски и Мирјана Манева Арсовска.

[fblike]

Напишете коментар