На ден 28.05.2019 година (вторник) во просториите на ООУ„Кочо Рацин“, Кратово, се оддржа работилница со триесеттина ученички од нашето училиште насловена „Безбедност на интернет“. Оваа работилница ја водеше волонтерот на Мировен корпус во нашето училиште, Мајкл Родрик. Таа е дел од проектот „Промовирање на здрав начин на живот“, којшто има за цел промовирање на здрави навики меѓу учениците од нашето училиште, како и ученици од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ од Кратово.
На работилницата, присутните преку интерактивна презентација и интересни активности, се запознаа со тоа што претставува е-безбедност и како да се заштитат кога користат интернет.
Коментари