[fblike]

Во рамките на проектот  „Нуркаме во дигитално изучување на јазик“ ( Diving into digital language learning) финансиран преку програмата Еразмус +, во градот Навас, Шпанија,  се реализираше втората мобилност од проектот, во периодот од 13 јануари до 17 јануари 2020 година.

Во овој проект учествуваат наставници и ученици од С.Македонија, Италија, Шпанија, Потугалија, Турција и Холандија. Домаќин-земја беше Шпанија, односно училиштето Escola Diocesana de Navàs Fundació Privada, EDN. Од нашето училиште учестуваа четири ученици: Андријана Милевска, Андреа Јанева, Андреј Јаковски и Мартина Николовска и две наставнички- ментори, Кристина Цонкинска, која е координатор на проектот и наставничката Љубинка Крстевска.

Учениците беа поделени во шест интернационални групи и секоја група, во текот на неделата ги следеше следниве работилници:

  1. Green Screen. 2. Stop Motion 3. Lego Mindstorms 4. Computational Thinking 5. Scratch 6. Games.

Во секоја работилница, учениците беа менторирани и надгледувани од наставниците од партнерските училишта, а секоја група, беше поделена на помали групи и сите работеа на различни задачи. Она што го научија за време на овие работилници, учениците во текот на четвртитот ден, имаа за задача да го применат на тој начин што ќе го креираат нивниот финален производ. Нивната креација требаше да биде начин на кој може да се учат странски јазици.

Во петокот, учениците и наставниците го посетија градот Барселона и имаа тура во готскиот дел од градот со туристички водич. Ја видовме градската Катедрала, статуата на Колумбо, плоштадот Каталонија, театарот, познатата улица Ла Рамбла и други знаменитости.

Оваа мобилност за нашите ученици и наставници беше навистина многу убаво искуство, затоа што се сретнаа со технологија каква што нема во нашето училиште, односно можеа да програмираат роботи и да учат за програмирање преку практични примери.

Следната мобилност од овој проект ќе биде во мај, 2020 година во Португалија.

 

[fblike]

Напишете коментар